Енергијата дополнителна причина за брзо зачленување во ЕУ

Сонцето и водата се одличен капацитет за намалување на енергетската зависност на Европската Унија (ЕУ) од Русија и делумно од САД.

ЕУ гледа долгорочно на Македонија како стабилен произведувач на енергија.

Имено, хидроцентралата Чебрен која обезбедува струја колку два блока од РЕК Битола, и ќе се користи како батерија во случај на недостаток на струја е прва инвестиција од која ЕУ очекува добра резерва за нив. Впрочем информациите од ЕУ говорат дека изградбата и сопственоста која ја има компанија од ЕУ, дава сигурност за нив.

Огромните потенцијали за користење на струја од реките исто така се добра можност за ЕУ. Се очекува и тука ЕУ да дава пари за иновативни решенија во Македонија, кои од една страна ќе ја зачуваат природата,а од друга ќе обезбедат струја.

На пример, таков концепт се т.н. сврдел централи, кои можат да се постават на секоја река и да зафатат не повеќе од 1/3 од коритото на истата. Тие може да се поставуваат на раздалеченост од 100 метри. Може да се постават на колектори или на рибници.

На тој начин ќе се заштити флората и фауната во реките. Во моментов, малите хидроелектрани во Македонија се градат како систем на големи, со брани кои ја собираат водата, па многу потоци и мали реки пресушуваат, а голем дел од дрвјата покрај потоците се уништуваат за да се донесе механизација која ќе ја направи браната.

За да се намали вакво девастирање, а да се зголеми производството на струја, ЕУ ќе дава пари за иновативни методи на производство на струја.

Решението со енергијата е најпотребно на ЕУ, посебно на големите индустриски земји, кои бараат енергија плус, па и за 1kw/h се подготвени да „истурат“ брдо пари.

Според луѓето од ЕУ со кои комунициравме, а кои се задолжени за политиките за влез на Македонија во ЕУ, сметаат дека политичарите кај нас немаат желба да ги направат потребните отстапки, бидејќи со отворање на поглавјата, во Македонија би се стационирале стотици набљудувачи од ЕУ кои во чекор ќе ги следат процесите, а тоа ќе значи намалување на можноста за „грабеж“ на населението и злоупотреба на финансиските средства за фиктивни земјоделци и лажни производители на енергија.

Игор Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави