Откако беа одложени Моторџии со Том Харди и Дедпул 3, на ред дојде филм од познатата филмска франшиза на Том Круз. Според првичниот план, Невозможна мисија 8 требаше да пристигне во кината во јуни 2024 година, но тоа нема да се случи.
Поради штрајкот на глумците, новиот датум на објавување е 23 мај 2025 година. Иако заплетот сè уште не е целосно познат, она што е сигурно е дека приказната ќе продолжи со овогодинешниот филм.
Седмиот дел летово пропадна во кината ширум светот. Вкупно заработил 567,5 милиони долари. Иако буџетот на филмот изнесуваше 291 милион долари, Парамаунт заврши со загуба од 40 милиони долари, откако ги зема предвид работите како, на пример, маркетингот.
Филмот мораше да заработи минимум 800 милиони долари за да се смета за успешен на големите екрани, но тоа не се случи.
Овој неуспех во кината не е резултат на лошата приказна на филмот. Напротив, Невоможна мисија 7 се смета за еден од најдобрите во франшизата, но конкуренцијата во форма на Барби и Опенхајмер едноставно го удави на благајните.