Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ноќеска го на полноќ привеле 38-годишниот Р.К. од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во угостителски објект во Гостивар, но и поради сомнение дека претходно противправно одзел моторно возило на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопшти МВР.