Саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан ал Сауд денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, итно суспендирање на блокадата на Појасот Газа и враќање на мировниот процес.
„Примирјето е хуманитарен императив“, изјави шефот на саудиската дипломатија, пренесува Ал Џезира.
Тој додаде дека има очајна ситуација во Појасот Газа, и дека постои ризик од хуманитарна катастрофа.
„Секој час се повеќе цивили умираат во Газа. Ситуацијата се влошува“, рече Ел Сауд.
Тој нагласи дека е неопходен прекин на огнот, нагласувајќи дека тоа ќе овозможи решавање на сите други проблеми.
„Јасно повикавме на ослободување на заложниците и тоа е апсолутно неопходно. Сепак, заштитата на цивилните животи, инфраструктурата и особено болниците е исто така императив што мора веднаш да се исполни“, рече саудискиот министер.