Перуанската полиција заплени повеќе од 3 тони кокаин на северот на земјата, јави ДПА.
Дрогата требало да биде прошверцувана на север во Централна и Северна Америка, соопшти полицијата и додаде дека вкупно шестмина осомничени од Еквадор и Колумбија се приведени за време на операцијата.
Во објава на Националната полиција на Перу на X, се вели дека товарот има комерцијална вредност од 90 милиони долари.
– Ова беше една од најважните операции против трговијата со дрога оваа година, рече високиот обвинител Даниел Алберто Јара.
Кокаинот речиси исклучиво се произведува во јужноамериканските земји Колумбија, Боливија и Перу, а потоа се шверцува главно во САД и Европа. На транзитните патишта, шверцот со дрога предизвикува брутално насилство и широко распространета корупција.