Нетанјаху: Израел е подготвен за копнена операција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека Израел е подготвен за копнена операција, но не откри кога и како тоа ќе се случи.

„Ние сме на врвот на борбата за опстанок“, рече Нетанјаху во телевизиското обраќање до нацијата.
Тој изјави дека Израел има две цели пред себе – да го уништи Хамас и да ги ослободи заложниците кои ги држи Хамас.

Тој рече дека одлуката за тоа кога војската ќе влезе во Газа ќе биде донесена на состанок на владиниот воен кабинет.

Израелскиот премиер повторно ги повика палестинските цивили да го напуштат северниот дел на Појасот Газа.

Нетанјаху рече дека Израел има поддршка од светските лидери и дека сега разбираат дека „Хамас е ИСИС (Исламска држава), а ИСИС е Хамас.

Треба да знаете
Последни објави