Новиот претседател на Претставничкиот дом на САД најави резолуција за поддршка на Израел

Новиот републикански спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ги извести пратениците денеска дека неговиот прв потег ќе биде да се донесе резолуција за поддршка на Израел во неговиот конфликт со милитантите на Хамас.

„Првиот потег што ќе го преземам ќе биде поддршка за нашиот драг, драг пријател Израел, а ние задоцнивме да го направиме тоа“, рече конгресменот од Луизијана, Мајк Џонсон во неговиот говор, предупредувајќи дека „најголемиот сојузник на Америка на Блискиот Исток е нападнат“.

Треба да знаете
Последни објави