Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави дека утре ќе де одржи рочиште за спорот што таа го има покренато против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.
,,Утре со почеток во 10:00 часот во Основен суд 2 во судница 14 ќе се одржи рочиште за судскиот спор кој го иницирав против искажаните невистини на Драган Ковачки кон мене. Рочиштето е отворено за јавност” објави Петровска.