Портпаролот на Европската унија Петер Стано потврди дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на приштинските привремени институции, Аљбин Курти, утре во Брисел ќе одржат одвоени средби на кои ќе разговараат со европските претставници кои посредуваат во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Стано наведе дека Вучиќ и Курти одделно ќе се сретнат со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, специјалниот претставник за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак и претставници од Германија, Франција и Италија.
Тој рече дека средбите се закажани за почеток во 14 часот, но дека во моментов не може да потврди која ќе биде прва.