Трката Тур де Франс 2024 за прв пат во 120-годишна историја ќе заврши надвор од Париз

Уникатниот Тур де Франс 2024 година ќе започне во Фиренца и ќе заврши во Ница, наместо во Париз што се случува за прв пат во нејзината 120-годишна историја. Причина за ваквата промена се Олимписките игри кои во Париз.

Италија ќе биде домаќин на Гранд Департ и првите три етапи од трката, пред раното искачување на Алпите на четвртата етапа, од италијанскиот град Пинероло до Валоар во Франција. Трката потоа ќе се упати кон лозјата околу Дижон, Централниот масив и над Пиринеите, пред да се врати на француските Алпи и до ривиерата за хронеметар финалето од Монако до Ница.

„Тешко е да се замени Париз, па сметавме дека подобра не можеме да дадеме подобра глетка од блескавиот хронометар од Ница до Монако“, рече директорот на трката Кристијан Прудом на претставувањето на патеката.

Треба да знаете
Последни објави