Утрово, во 8.25 часот, на бројот 112 лице, вработено во Националниот парк „Шар Планина“ пријави дека на локалниот пат кон селото Вејце, на речиси еден километар пред селото, има загинато мече, кое, најверојатно, настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител, извести Центарот за управување со кризи.
Екипа на МВР изврши увид на местото на несреќата, а телото на мечето ѝ е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.