Израелски проектили денеска го погодија сирискиот аеродром во Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Тоа е четврти таков инцидент во изминатите две недели.
– Израел ја повтори својата воздушна агресија врз Сирија … со бомбардирањето на меѓународниот аеродром во Алепо, се наведува во соопштението на невладината организација чие седиште е во Лондон.
Официјален претставник на сириското Министерство за транспорт, Сулејман Калил изјави дека цел на нападот била пистата на аеродромот во Алепо.