Девет арапски држави го обвинуваат Израел за „колективно казнување“ на Палестинците

Министрите за надворешни работи на девет арапски земји со заедничка изјава го повикуваат Советот за безбедност на Обединети нации да спроведе итен прекин на огнот во Појасот Газа. 

Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Бахреин, Саудиска Арабија, Оман, Катар, Кувајт, Египет и Мароко го критикуваат Израел за убиство на цивили во Газа, тврдејќи дека „самоодбраната не го оправдува кршењето на меѓународното право и намерното непочитување на легитимните права на палестинскиот народ“.

Тие, исто така, го осудуваат раселувањето на Палестинците и го обвинуваат Израел дека спроведува „колективно казнување“ врз Палестинците. 

Треба да знаете
Последни објави