Нема да побарам разрешување на министерот Спасовски поради перформансите на МВР и врвното професионално ниво на Министерството и на министерот, рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниска седница за пратенички прашања одговарајќи му на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки – дали ќе го разреши министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како што рече, доказ за перформансите и професионалната работа на МВР се справувањето со криминалот, спречување илегална миграција, инвестиции во објекти и опрема во МВР, опремување на припадниците на Министерството, обуките, зголемување на примањата на припадниците на Министерството за внатрешни работи.
-Тие се на највисоко ниво. Сите бројки кои се јавно достапни во однос на идентификување криминални дејанија во државата од сите видови, коишто се на многу повисоко ниво од тоа што беа во претходните години, како и во однос со справувањето со различни видови криминал, што исто така се на многу повиско ниво од минатото, се доказ дека се работи за – и министер, и негов тим, коишто работат на врвно професионално ниво, рече Ковачевски.