Петровска од говорницата во Собранието распали по Драган Ковачки кој во прашање предходно повторно обвини за земање на мито за мисии и за сексуално малтретирање.
„Не одговарам на напишани содржини на социјални мрежи особено не на вашите социјални мрежи затоа што тие наликуваат повеќе на извор на дезинформации, како што впрочем се и посочени во минатото. Што се однесува до конкретниот случај министерката за одбрана или било кој министер за одбрана сега или било кога, што не било случај во ваше време се разбира, не смее да влујае на истрага. Тоа што вие како поранешен шеф на воено разузнавање сте имале обичај да чепкате да подметнувате да наместувате и да интервенирате во истраги кои се задача на јавното обвинителство и на правосилните органи во оваа држава јас таа пракса не ја практикувам и нема да ја практикувам. Што се однесува на посочените случаи дали јас нешто забошотувам или не во министерството за одбрана односно во Секторот за воено разузнавање и безбедност постојат записи секогаш кога сум добила било каква информација, се разбира дека овдека нема да ги кажувам поединечно, затоа што се класифицирани ама вие не знаете и тоа што е класифицирано затоа што немате сертификат и нема ни да добиете, заради тоа што ја злоупотребувате позицијата и сте злоупотребувале со тргување на информации. Се наместивте вие затоа сабајево не дојдовте на рочиштето за клеветата која ја изнесовте. Сабајле имавме рочиште за клеветата, бегате од доказите и за ова ќе ви одговорам и ве гледам во очи за разлика од вас, кога посавувате прашања што гледате горе, затоа што немате храброст да ме погледнете во очи затоа што свесно изнесувате лаги и невистини.
Можете мене да ме критикувате колку што сакате и тоа е ваша задача од партија ви е дадена ама неуспешно го правите тоа, успесите и во министерството и во Армијата вие не можете да ги сопрете тоа е процес кој што си е почнат и ќе си тече. Постојат записи со мои изјави и сите информации кои сум ги имала дали за овај случај или за случај потенцилно мито и корупција јас сум пријавила и сум дала информации на службата која е задолжена да ги прибира тие информации. Понатаму имате правници во пратеничка група и во партија прашајте ги која е процедурата, кој ги води истрагите. Нити водам истрага, нити имам законско право да превземам дел од истрагата која ја вои јавното обвинителство и уште една работа пресумпција на невиност, додека не видам докази додека не бидам известена од органи од кој треба да бидам известена, јас постапки не можам да преземам на своја рака. Времето кога тоа сте го правеле и сте ги разрушиле столбовите на СВБиР се завршени, јас не се мешам во работата на таа служба, да давам поддршка за сите активности до сега што се направени и така ќе биде и во иднина и никогаш нема со политичко влијание да се обидам да се замешам во истрагите.” – порача Петровска од собраниската говорница.