Спортски самит насловен „Today’s Sport 23“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението за развојни иницијативи – Геостратешки институт „Глобал“, под покровителство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министрите за внатрешни работи и за образование и наука, Оливер Спасовски и Јетон Шаќири, и претседателот на Геостратешки институт „Глобал“, Иван Анастасовски.