Костадиновска: Платите во културата сега се достоинствени, заврши времето на манипулација со трудот на културните работници

Со последното, септемвриско покачување, платите во културата од 2021 година до денес се поголеми за 43%, а растот на платите е пропорционално еднаков за сите културни работници и тоа е она што вработените во културата го заслужуваат, објави министерската за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

„Заврши времето на манипулација со трудот на културните работници. Платите сега се достоинствени. Ова се плати какви што културните работници заслужуваат, а јас и натаму ќе се борам за уште поголем раст. Нашата борба за повисоки плати е успешна бидејќи секогаш зборувавме со аргументите на правичноста и праведноста. Мораме така и да продолжиме.

Со Колективниот договор во културата подготвен и потпишан во 2019 година, а од неодамна и со Општиот колективен договор постигнавме правичност во групирањето на работните места и праведно вреднување на трудот на вработените во културата за сите без исклучок.

Овие договори денес спречуваат селективност и фаворизација во утврдување на правата по работен однос без разлика за која позиција и работно место се работи во било која културна установа, а сега и во било која државна институција воопшто. Креативните и авторски позиции и понатаму добиваат плати достојни на нивниот статус, но еднакво и соодветно ги зголемуваме платите и на сите останати кои се дел од логистиката на културните настани, процеси и институции„ стои во објавата на министерката за култура.

Треба да знаете
Последни објави