Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода П.М.(24) и Н.И.(24), двајцата од Кавадарци, осомничени за сторено кривично дело „разбојништво“.
МВР денеска соопшти дека на 24.10.2023 околу 23 часот, во Кавадарци физички го нападнале Ф.Н. (23) и му одзеле мобилен телефон. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветена пријава.