Битиќи: Низ дијалог доаѓаме до системско решение за судската и јавнообвинителската служба

Денеска како дел од работната група формирана од Владата, заедно со заменик министерот за финансии, Филип Николовски и заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, одржавме работен состанок со претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), објави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Ги сослушавме барањата на претставниците на Синдикатот на УПОЗ, при што беше истакната подготвеноста, низ дијалог да се дојде до системско и одржливо решение на посочените состојби во судската и јавно обвинителската служба, се со цел, да се овозможи непречено функционирање на правосудниот систем.

Ќе продолжиме со дијалогот се до изнаоѓање системско, праведно, правично и солидарно решение“ порача Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави