Инцидент над Јужното Кинеско Море: кинески авион на опасна близина до американски воен бомбардер

Американската војска објави дека кинески авион „опасно се приближил“ до американски воен бомбардер претходно оваа недела, и дека тоа се случило над Јужното Кинеско Море.

Информацијата беше објавена од американската Индо-пацифичка команда во четвртокот и го потврдува она за што предупредуваа американските воени претставници – сè поопасното однесување на кинеските борбени авиони, пишува „Дејли мејл“.

Американската војска го осуди однесувањето на кинескиот пилот и маневарот што тој го изведе, велејќи дека непотребно ги става на ризик и американските и кинеските пилоти.

Покрај тоа, беше објавена снимка на која се гледа како кинескиот „J-11“ доаѓа на 10 метри од „Б-52“.

Официјални лица, исто така, рекоа дека американските воздухопловни сили „Б-52“ легално извршувале рутински мисии над меѓународните води во Јужното Кинеско Море кога идентификуваниот кинески авион се приближил со „преголема брзина“.

„Загрижени сме што овој пилот не знаел колку блиску е да предизвика несреќа“, рекоа официјални лица, додавајќи дека инцидентот најверојатно бил „несреќен случај“.

Треба да знаете
Последни објави