Кирби: САД поддржуваат хуманитарен прекин на огнот

САД поддржуваат паузи во непријателствата помеѓу Израел и Хамас за да се дозволи достава на помошта во Газа, соопшти денеска Белата куќа, во момент кога израелската армија ги интензивираше нападите врз Газа со најави за голема копнена операција.

Ние би поддржале хуманитарни паузи за влегување, како и за излегување на луѓето, како и дотур на гориво и враќање на електричната енергија, истакна портпаролот на американскиот Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Треба да знаете
Последни објави