Генералното собрание на Обединетите нации вечерва усвои резолуција со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа.
Резолуцијата подготвена од арапските држави не е обврзувачка, но има политичка тежина, пренесува Ројтерс.
За усвојување на резолуцијата гласаа 120 земји, 45 беа воздржани, а 14 членки на ОН беа против, меѓу кои Израел и Соединетите Американски Држави.
На седницата на Генералното собрание на ОН не беше усвоен амандманот на Канада со кој се бараше дејствијата на палестинската милитантна група Хамас против Израел на 7 октомври да се окарактеризираат како „терористички напади“, пишува Њујорк Тајмс и додава дека тоа било следено со громогласен аплауз во салата.
Сите арапски земји гласаа против усвојувањето на тој амандман.