Русија ја обвини Украина дека со беспилотни летала ја гаѓала нуклеарната централа во областа Курск

Русија денеска ја обвини Украина дека со беспилотни летала ја гаѓала нуклеарна централа во руската погранична област Курск, но дека не е направена штета ниту е предизвикано зголемување на радиоактивноста.

„Вечерта на 26 октомври беше запрен нападот на три непријателски беспилотни летала врз нуклеарната централа Курск. Тој случај не влијаеше на работата на централата“, наведе операторот на централата преку Телеграм.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека извршен е тој украински напад, без да прецизира дека целта била нуклеарната централа.

Треба да знаете
Последни објави