Кралството Шпанија е еден од најголемите подржувачи на европскиот пат на нашата земја.
Во рамките на министерскиот форум за правда ЕУ-Западен Балкан, кој годинава се одржува во Скопје, имав чест да се сретнам со мојата колешка, Мариа Пилар Лоп Куенка, министерка за правда на Кралство Шпанија, на која и се заблагодарив што го избраа Скопје и нас како партнери за најважната организација за Западен Балкан и ЕУ.
Во континуитетот на нашите заеднички напори за приближување на земјата кон ЕУ, разговаравме за процесот на реформи и сите предизвици со кои се соочуваме. Министерката за правда на Шпанија ja информирав за проектите и законските решениjа во правосудниот систем, а разговаравме и за извештајот од оценнсла комисија кој ќе ги исцрта насоките по кои ќе се движиме наредниот период.
Главна тема на денешната средба беше и процесот на дигитализација во правосудство за што работиме на изнаоѓање на најсоодветни решенија, преку користење на најдобрите искуства и со директна помош од нашите пријатели за овој важен пројект.
Правната држава и владеењето на правото се главните столбови на едно деморкатско европско општество, за што остануваме сериозно посветени во овие важни моменти за европската иднина на нашата земја.