Новоименуваниот словачки премиер Роберт Фицо вчера изјави дека нема да поддржи дополнителна воена помош за Украина или дополнителни санкции против Русија за време на самитот на Европската унија, пренесоа словачките медиуми.
Фицо, кој во средата по четврти пат беше назначен за премиер, пред парламентарната комисија изјави дека нема да поддржи воена помош за Украина. Сите гледаме дека нема воено решение“, рече Фицо.
Кога станува збор за санкциите против Русија, тој нагласи дека нема да гласа за никакви мерки додека не го процени нивното влијание врз Словачка.