Рој земјотреси во Исланд ја најавуваат следната вулканска ерупција

Сеизмички рој го погоди полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд со повеќе од 5.500 мали земјотреси во последните три дена, што ги зголеми шансите за вулканска ерупција.

Исланд, сместен помеѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, меѓу најголемите на планетата, е сеизмичко и вулканско жариште бидејќи двете плочи се движат во спротивни насоки.

Иако земјотресите се секојдневна појава во земјата, последниот рој е пообем од вообичаено, соопшти во петокот метеоролошката канцеларија на Исланд (ИМО), објави Гардиен.

„Овие земјотреси се предупредувачки знак, дел од подолготрајната приказна за која знаеме дека влегуваме во фаза на акумулација на следната вулканска ерупција“, рече шефот на одделот за услуги и истражување на ММО, Метју Робертс.

Земјотресите настанале на длабочина до 5 километри и биле предизвикани од долгорочна акумулација на магма која создавала притисок и сега полека се движела кон површината на Земјата, додаде тој.

Претходно оваа година вулкан еруптираше во ненаселен дел на полуостровот Рејкјанес по интензивна земјотресна активност, трет ваков настан од 2021 година во регионот југозападно од главниот град Рејкјавик.

Сега може да се развива четврта ерупција, рече ММО, иако е тешко да се предвиди времето на вулкански избувнувања.

Најсилниот од земјотресите бил измерен со јачина од 4,5 степени, а околу 15 потреси биле со јачина од 3,0 или посилни, соопшти ММО.

Според Технолошкиот универзитет во Мичиген, земјотресите со јачина над 2,5 степени често може да ги почувствуваат луѓето.

Гриндавик, рибарски град на полуостровот со околу 2.000 жители, е градот најблиску до сеизмичката активност.

Треба да знаете
Последни објави