„Фантастични ѕверови“ на пауза

Студио Ворнер Брос одлучи привремено да ја прекине работата на франшизата „Фантастични ѕверови“, која ја најави режисерот на серијата Дејвид Јејтс.

„Снимивме три филма. Последниот за време на пандемијата, беше неверојатно забавно, но и тешко. И снимавме кога уште немаше вакцина. За среќа, никој не се разболе, но ги следевме деталните протоколи“, се присети директорот.

„Сите сме толку горди на „Фантастични ѕверови: Тајната на Дамблдор“, а кога излезе едноставно моравме да застанеме, да паузираме и да се смириме“, продолжи Јејтс, веројатно алудирајќи на негативните критики на продолжението и слабата заработка.

Научно-фантастичниот филм „Фантастичи ѕверови и каде да се најдат“ со Еди Редмејн во главната улога беше премиерно прикажан во 2016 година. Филмот е направен според сценариото на Ј. К. Роулинг, која инспирацијата за филмот ја доби од нејзината истоимена книга од 2001 година. Роулинг првично планираше пет филма, а досега се прикажани три – „Злосторствата на Гринделвалд“ и „Тајната на Дамблдор“ кој беше прикажан минатата година.

„Идејата дека ќе има пет филмови беше изненадување за повеќето од нас. Џо тоа го спомна само спонтано, еднаш на прес-конференција. Никој не ни кажа дека ќе бидат пет, се обврзавме на првиот. Сигурен сум дека ќе се вратиме во одреден момент. Не сум разговарал со Џо, не сум разговарал со (продуцентот) Дејвид Хејман, не сум разговарал со Ворнер Брос, само паузираме“, објасни Дејвид Јејтс.

Првиот филм заработи 814 милиони долари, а неговиот буџет беше 180 милиони, вториот имаше 20 милиони поголем буџет, но заработи помалку, околу 655 милиони долари, додека третиот, со истиот буџет од 200 милиони, заработи 407 милиони долари.

Заедно со Еди Редмејн, во актерската екипа се и Џуд Ло, Езра Милер, Ден Фоглер, Кетрин Вотерстон, додека Мадс Микелсен го замени Џони Деп во третото продолжение.

Треба да знаете
Последни објави