Во недела жителите на Гренланд нема да ги поместуваат часовниците на зимско сметање на времето и за прв пат нема да ја менуваат временската зона.
Во ноември 2022 година, владата на Гренланд одлучи да го укине летното и зимското сметање на времето на островот, објави данската новинска агенција Рицау. Островот официјално е дел од Кралството Данска, но во пракса претежно е самоуправен.
Наместо да ги вратат стрелките на часовникот, властите на Гренланд одлучија да останат трајно во временската зона UTC/GMT-2.
И Германците се жалат на проблеми поради движењето на часовникот. Секој трет германски државјанин страда од физиолошки и ментални проблеми по движењето на стрелките на часовникот, соопшти здравственото осигурување ДАК повикувајќи се на истражувањето нарачано од институтот Форса во кое на крајот на септември биле анкетирани 1.004 граѓани од репрезентативен примерок. Повеќе од четири петтини од испитаниците, 82 отсто од нив, велат дека по движењето на стрелките на часовникот се чувствуваат исцрпени и безволни, 68 отсто спијат лошо, а 44 отсто се жалат на губење на вниманието, пишува магазинот Феникс.
Процентот на оние кои се жалат на проблеми по поместување на сказалките на часовникот сега е поголем отколку кога било во претходните 10 години. Во просек, повеќе жени страдаат од движење на стрелките на часовникот отколку мажи. Убедливо мнозинство од 77 отсто од испитаниците сметаат дека сезонското менување на времето е непотребно и треба да се укине, додека само една петтина од испитаниците сметаат дека тоа е корисно.
Секој трет германски државјанин страда од физиолошки и ментални проблеми по движењето на стрелките на часовникот, соопшти здравственото осигурување ДАК повикувајќи се на истражувањето нарачано од институтот Форса во кое на крајот на септември биле анкетирани 1.004 граѓани од репрезентативен примерок. Повеќе од четири петтини од испитаниците, 82 отсто од нив, велат дека по движењето на стрелките на часовникот се чувствуваат исцрпени и безволни, 68 отсто спијат лошо, а 44 отсто се жалат на губење на вниманието, пишува магазинот Феникс.