Казахстан ја потврди национализацијата на филијалата на Арселор Митал по смртта на 32 рудари во пожар

Еден ден по пожарот во рудник за јаглен во кој загинаа 32 работници, а 14 исчезнаа, според службите за итни случаи, Казахстан ја потврди национализацијата на Арселор Митал Темиртау (ArcelorMittal Temirtau) кој работи со најголемите челичарници во земјата и има неколку рудници за јаглен и руда.

Во моментот на пожарот во рудникот за јаглен Костенко во регионот Караганда, работеле 252 рудари, потврди соопштение Арселор Митал Темиртау. Се смета дека пожарот бил предизвикан од „џеб од метан“.

Пожарот е последен во серијата смртни случаи на работно место на локациите управувани од Арселор Митал Темиртау. Во август, четворица рудари загинаа во пожар во истиот рудник, додека пет лица загинаа од истекување на метан на друго место во ноември 2022 година.

Компанијата денеска потврди дека го финализира договорот со казахстанската влада за национализирање на фирмата поради зголеменото незадоволство меѓу официјалните лица

Треба да знаете
Последни објави