Зошто е добро да инвестирате во граѓанска обврзница?

Министерството за финансии минатата недела го објави проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница на вкупен износ од 600 милиони денари, или близу 10 милиони евра. 

Граѓаните ќе имаат можност да се запишат на аукцијата за граѓанска обврзница, која ќе се одржи на шести и седми ноември, а цената на една обврзница е исто како и првиот пат, 10.000 денари. 

Зошто е добро да се купи државна обврзница?

Првата причина е каматната стапка. Државата дава 5 отсто купонска каматна стапка годишно на кушените обврзници, со доспевање во рок од две години. 

Тоа значи дека за вложени 100.000 денари, граѓанинот ќе добие 5.000 денари на 14 ноември 2024 година и уште 5.000 денари на 14 ноември 2025 година, односно тоа е нето добивка од 10.000 денари за само две години. 

Тоа, е многу повеќе отколку парите да се орочат во некоја од комерцијалните банки. 

За денарски штедни влогови, орочени на две години, банките нудат помеѓу 2,3 и 3,7 проценти каматна стапка, што значи дека за две години, за вложени 100.000 денари, граѓанинот ќе добие најмногу 3.700 денари, што е далеку помалку од 10.000 што би исплатила државата за обврзницата. 

Втора причина е сигурноста. Граѓанската обврзница е државен финансиски инструмент, за кој гарантира самата држава, така што вложените средства се сигурни и далеку позезбедни отколку во која било штедилница.

И последна причина е влогот во државата, со купување на обврзници вие вложувате во државата, која вашите и парите на другите граѓани земени преку обврзницата ќе се користат за финансирање нови проекти, поддршка за граѓаните, стопанството и општините. 

Дека граѓанската обврзница е сигурен инструмент, покажува и големата заинтересираност на првата аукција, каде учествуваат над 1.200 граѓани, а од првично планираните 600 милиони денари, запишани беа обврзници од над 1,4 милијарди денари или над 23 милиони евра.

Како оди постапката?

Сите заинтересирани граѓани за купување на обврзницата тоа можат да го сторат на многу едноставен начин.

Се што треба да е да отидат до шалтер во која било експозитура на некои од комерцијалните банки, каде ќе поднесат барање за учество на аукцијата, а на самата аукција, да купат онолку обврзници колку што планираат да вложат. 

Треба да знаете
Последни објави