Во ЕУ во 2022 година произведени 6,1 милион тони тестенини, само Италија произвела 4,2 милиони тони

Во земјите на ЕУ во 2022 година се произведени 6,1 милиони тони тестенини во вредност од 7,8 милијарди евра, што е за милион тони повеќе или 20 отсто повеќе од пред пет години.

Како што објави Евростат, Италија е водечка членка на ЕУ во производството на тестенини со 4,2 милиони тони произведени минатата година, вредни 5,1 милијарди евра и учествува со 68 отсто од вкупното производство во ЕУ по волумен и 66 отсто по вредност.

Истовремено, Италија беше убедливо најголемиот извозник на тестенини во ЕУ и извезе 2,1 милиони тони, што претставува 77 отсто од вкупниот број членки на ЕУ. 

Треба да знаете
Последни објави