Стручниот штаб на машката ракометна репрезентација на Македонија пред стартот на подготвките за тест-двомечот со Грција во Солун е засилен со нов тренер за голманите, хрватскиот стратег Нинослав Павелиќ.
Хрватот има 50 години и во неколкуте последни сезони работеше во редовите на Нексе. Павелиќ има искуство и со работа во репрезентација на Хрватска каде беше дел од стручниот штаб во 2017 година.
Павелиќ во ракометната селекција на Македонија доаѓа на местото на Ице Соколевски.
-Местото на Соколески ќе го пополни Палевиќ. Станува збор за познат хрватски експерт кој му беше помошник на Хорват, потврди Лазаров.