Талевски: Две години локална власт, ДПМНЕ и Јовчески ги изневерија прилепчани

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ:

Почитувани,

Поминаа две години, половина од мандатот како локална власт на Борче и ДПМНЕ во Прилеп.

Заклучокот е поразителен: ДПМНЕ ги изневери граѓаните. Нема проекти. Нема резултати.

Безброј нереализирани избори ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти од изборната програма на градоначалникот.

По заслуга на ДПМНЕ и Јовчески, прилепчани плаќаат и до 300 отсто повисок данок на имот во однос на досегашниот.

Борче и ДПМНЕ ги покачија сметките за комунални услуги за 67 отсто, а поскапеа паркингот и јавниот градски превоз.

За привремени вработувања на партиски војници на ДПМНЕ, Борче Јовчески потроши фантастични 700.000 евра, пари на граѓаните на Општина Прилеп.

Иако за 2 години потрошија близу 50 милиони евра, Борче и ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од нивната изборна програма.

Нема катни гаражи и нови кружни текови.

Ветената реконструкција на Старата прилепска чаршија, градските плоштади и амфитеатарот во Варош, останаа мртво слово на хартија.

Нема бесплатен оброк за учениците до четврто одделение, ниту бесплатни училишни униформи за децата од социјално загрозените семејства.

Наместо градежна офанзива, на Прилеп му се случува урбанистички хаос. Дивоградби никнуваат на секој чекор, а градот е потонат во целосен мрак.

Повеќе од 250 дечиња и натаму ја чекаат новата детска градинка.

Прилеп се гуши во смет и ѓубре, загаденоста на воздухот достигнува алармантни размери.

Борче и ДПМНЕ ја згаснаа 20-годишната традиција на „Пивофест“.

Со нив, спортот во градот го допре дното, вклучително и гордоста на прилепчани – фудбалскиот клуб „Победа“.

Резултати нула!

Борче и ДПМНЕ ги изневерија прилепчани.

ДПМНЕ не ја оправда довербата од прилепчани дадена на локалните избори.

ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓаните на Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави