Израелски тенкови денеска влегоа во кварт на периферијата на градот Газа, прекинувајќи ја главната патна врска меѓу северот и југот на истоимената палестинска територија, јави АФП, повикувајќи се на очевидци, пренесува Тајмс оф Израел.
Според цитираните извори, тенковите стигнале до влезот на квартот „Зајтун“. – Го пресекоа патот Салахедин и пукаат во секое возило што се обидува да оди по него, рече еден жител.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) контраадмирал Даниел Хагари изјави дека војската „продолжува постепено“ во Газа како дел од копнената операција и дека имало „директен контакт“ со борците на Хамас.
Тој, исто така, предупреди дека активностите ќе „ескалираат“ и дека војниците се ставени во „висока готовност“ долж северната граница
– Нашите активности и операции ќе продолжат и ќе ескалираат согласно фазите на војната“, додаде тој. – Ова е проширена копнена операција во Појасот. Копнените сили, тенковите, пешадиските сили, оклопните сили се движат кон терористите“, рече тој, пренесува Скај њуз.
– Терористите се групираа во одредени области за да се обидат да ги таргетираат нашите сили, а ние ги нападнавме од воздух, така што успеавме да нападнеме и да целиме на 20 терористи. „Има директен контакт меѓу копнените сили и терористите. Борбите се водат внатре во Појасот Газа.