Јордан побара од САД да распоредат „Патриот“ во услови на тензии поради конфликтот меѓу Хамас и Израел

Јордан побара од САД да распоредат систем за противракетна одбрана „Патриот“ за да ја засилат одбраната на границите, бидејќи војната меѓу Израел и Хамас во Газа предизвикува закана.

„Побаравме од американската страна да помогне во зајакнувањето на нашиот одбранбен систем со ракетни системи за противвоздушна одбрана Патриот“, изјави портпаролот на армијата на Јордан за државната телевизија.

„Дроновите станаа закана на сите наши фронтови“, изјави бригадниот генерал Мустафа Хијари.

Тој негираше извештаи на социјалните мрежи дека американските воени бази во Јордан се користат за транспорт на воена опрема и оружје од складиштата во државата кон Израел. 

Треба да знаете
Последни објави