На изјавата на Илон Маск, кој вети дека ќе им помогне на хуманитарните организации да останат поврзани внатре во Газа по прекинот на сите комуникации, израелската страна реагираше со закана дека ќе ја уништи опремата на компанијата на Маск.
„Израел ќе ги искористи сите средства што му се на располагање за да се бори против планираниот пристап на Интернет на Старлинк во Газа“, се закани израелскиот министер за комуникации Шломо Кахри.
Кахри тврди дека овие врски Хамас ќе ги користи за терористички активности, додавајќи дека „нема сомнеж за тоа, ние го знаеме, а Маск го знае тоа“, пренесува РT.
Одговарајќи, сопственикот на „Старлинк“ рече дека „не е толку наивен“, објаснувајќи како ќе функционира предложената шема. Покрај тоа, Маск вети дека „ќе ја провери безбедноста и со американската влада и со Израел пред да вклучи дури и еден терминал“.
Маск претходно изјави дека ќе ја отвори сателитската мрежа Старлинк за „меѓународно признатите хуманитарни организации“ кои работат во Газа, откако бранот израелски воздушни напади ги прекина последните телефонски и интернет врски на енклавата со надворешниот свет.