Спречувањето на достава на хуманитарна помош во Појасот Газа може да биде злосторство, изјави главниот истражител на ОН, Карим Кан во Каиро по посетата на граничниот премин Рафах што го поврзува Египет со Газа.
– Спречувањето на пристигнувањето на помош може да биде кривично дело. Израел мора веднаш да се погрижи цивилите да добијат храна и лекови, изјави главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Тој додаде дека на граничниот премин видел блокирани камиони полни со стоки и хуманитарна помош.
Израел два дена по нападот од Хамас, на 9 октомври воведе „тотална блокада“ на Појасот Газа, прекинувајќи го снабдувањето со вода, електрична енергија и храна на територијата која веќе беше под израелска блокада.