Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната заедничка прес конференција со претседаталката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази надеж дека партиите коишто се против промената на Уставот за да отпочне европската иднина на земјава ќе покажат, дека се за таквата перспектива. Сега има отворена врата за пристапување кон Европската Унија.
-Јас се надевам дека оние, коишто секогаш во историјата биле против европските и атлантските интеграции на државата конечно, за првпат во своето политичко постоење, во Парламентот ќе покажат дека се за европска иднина на државата, рече Ковачевски.