Францускиот институт во Скопје денеска ќе го одржи традиционалниот Саем за студии во Франција.
Како што соопшти Францускиот институт во Скопје, настанот ќе биде отворен од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, како и Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности – „Еразмус плус“
Саемот, според организаторот, претставува можност за средба на македонските средношколци, студенти и универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.
-Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција, велат од Францускиот институт во Скопје.
Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование Кампус Франс.