Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оцени дека Западот сака да го пренесе конфликтот во Украина во азиско-пацифичкиот регион.
Говорејќи на форумот Сианшан, најголемиот настан за воена дипломатија во Кина, Шојгу рече дека НАТО го прикрива трупањето војска во азиско-пацифичкиот регион со „демонстративна желба за дијалог“.
Шојгу додаде дека земјите на НАТО промовираат трка во вооружување во регионот со зголемување на нивното воено присуство и фреквенцијата и обемот на воените вежби таму.
Во исто време, тој рече дека потегот на Русија да ја повлече ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови не значи крај на договорот. – Ние само бараме да го вратиме паритетот со САД, кои не го ратификуваа овој договор, додаде тој.