Дваесет и шест камиони со хуманитарна помош поминаа проверка и пристигнаа во Појасот Газа од Египет, јави денеска Си-Ен-Ен.
На граничниот премин Рафах од Египет до Газа се уште чекаат 49 камиони, од кои 34 минуваат низ безбедносни контроли, а 15 чекаат да започне инспекцијата.
Генералниот секретар на египетската провинција Северен Синај, Осаме Ал-Гандур, потврди дека сега вкупно повеќе од 193 камиони, со повеќе од три тони храна, лекови и медицински материјали, пристигнале во Рафа од 8 октомври, а само 118 од нив досега преминале во Појасот Газа „поради сложените инспекциски процедури наметнати од Израел, кои го попречуваат пристигнувањето на помошта за Газа“.
Ал Гандур додаде дека израелската забрана за снабдување гориво во Газа се уште е на сила.
Тој посочи дека медицинскиот сектор во Северен Синај е подготвен да ги прими ранетите Палестинци од Газа на лекување во египетските болници веднаш штом ќе им биде дозволено да поминат.