-Советот за безбедност на ОН денеска попладне треба да одржи итен состанок за копнениот упад на Израел во Газа и хуманитарните страдања на Палестинците таму на барање на Обединетите Арапски Емирати. Претставникот на ОАЕ во СБ на ОН, е еден од 10-те избрани членови на советот кои работат на нова резолуција на Советот за безбедност за војната меѓу Израел и Хамас, за која се уште се расправа. Советот отфрли четири нацрт-резолуции – едно вето од САД, едно вето од Русија и Кина и две кои не успеаја да добијат минимални девет гласови „за“.
– Израелските одбранбени сили денеска објавија дека погодиле 600 цели на Хамас во неделата. Во саботата таа цифра беше 450.
– Децата се соочуваат со „катастрофална“ ситуација во Газа, при што на родителите не им останува друг избор освен да им дадат солена вода за пиење, соопшти агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ. Тоби Фрикер, портпарол на телото, изјави за Би-Би-Си дека недостигот што постоел во Газа дури и пред сегашниот конфликт бил „подигнат на друго ниво“.
– Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека израелските воздушни напади продолжуваат и денеска во областа околу болницата Ал-Кудс во Газа, за која Израел побарала од лекарите да ја евакуираат. Персоналот предупреди дека евакуацијата на пациентите од локацијата е невозможна.
– Израелските сили нападнаа цели во Сирија и Либан, како одговор на лансирањето проектили од тие области во Израел, соопштија одбранбените сили на земјата.
– Лекари без граници испратија 26 тони медицински материјали со авион на Светската здравствена организација во Египет. „Медицинските материјали можат да ги покријат потребите за 800 хируршки интервенции и се наменети за здравствените установи во Газа во соработка со локалните здравствени власти“, соопштија Лекари без граници.