Од утре следува период на променливо облачно време. Од среда кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.
Утринските температури ќе бидат во интервал од шест до 15, а дневните ќе достигнат до 24 степени.