Стотици пациенти се заглавени во болниците во северниот дел на Газа и физички е невозможно да се евакуираат кон југ, изјави шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци во областа.
Том Вајт од УНРВА го повтори она што го рекоа лекарите и другите добротворни организации – невозможно е да се преселат пациентите од болниците како Ал-Кудс во северна Газа. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека Израел им рекол да ја евакуираат болницата вчера, бидејќи воздушните напади одекнувале во близина.
„Многу луѓе на север бараат засолниште во училиштата на УНРВА, бараат засолниште во болниците. Бев во една од болниците оваа недела, има стотици и стотици пациенти кои не можат да се движат, истакна Вајт.
Тој рече дека многу луѓе на север – не само пациенти – исто така „не можат да се движат затоа што физички нема транспорт, немаат средства“.
„Луѓето се многу гладни, многу жедни и многу исплашени, а многумина живеат од парчиња леб и конзервирана храна што повремено успеваат да ги добијат, додаде Вајт.



