Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за 0,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат: за еуросупер БС 95 – 81,5 денари за литар, за еуросупер БС 98 – 83,5 денари за литар, еуродизел 81,5 денари за литар, масло за горење ЕЛ-1 – 81 денари/литар и мазут М-1 НС – 46,291 денари/килограм.
За 0,883 денари се намалува цената на Мазутот М-1 и еден килограм ќе изнесува 46,291 денари.са/дма/
Фото: МИА архива