На собир во Буенос Аирес, Аргентина повеќе од 1.000 луѓе – сите облечени како култниот суперхерој „Спајдермен“ на „Марвел“, се обидоа да постават нов светски рекорд во бројност.
Настанот е организиран од аргентинскиот „инфлуенсер“ Уки Дин. Целта беше да се собори светскиот рекорд за најголем собир на луѓе облечени како „Спајдермен“ на еден јавен собир. Во Малезија претходно, во јуни, имаше рекордни 685 „спајдерменовци“ на едно место. Тоа влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Говорејќи пред новинарите, Дин рече дека „сакал да повика 700 лица“, но дошле многу повеќе.
– Имаме повеќе од 1.000 потписи (за присуство, з.п.). Лудо е тоа што сѐ „Спајдермен“ може да поттикне. Тоа ме радува многу!, додаде тој.
Гинисовиот рекорд допрва ќе треба да се провери и потврди. Организаторите побараа од учесниците да ги дадат своите потписи и да бидат фотографирани како дел од документацијата за рекордот.