Кој е оптималниот број оброци дневно: два, три, четири, пет или шест? На Запад со години се води дебата дали е подобро да се имаат три класични оброци (појадок, ручек и вечера) или да се јаде умерена, униформирана количина на храна шест пати во текот на денот, преку мини оброци, сите со цел на губење на тежината или одржување на витка линија.
Некои студии покажаа дека бројот на оброци во текот на денот, сепак, не влијае значително на слабеење, бидејќи прилично еднаков број на испитаници од „класичната“ група и оние со шест оброци постигнале ист ефект при слабеење.
Разликата е главно во нешто порамномерното ниво на шеќер во крвта кај луѓето кои го следеле моделот на диета со шест оброци, како и во субјективното чувство колку им било тешко да спроведат диета.
Освен правилниот избор на хранливо вредни намирници, за слабеење од најголема важност е вкупната дневна калориска вредност која се внесува во организмот, а помалку важна улога има распоредот на оброци.
Како да се протолкува ова?
Моделот од четири до пет оброци дневно се покажа како најдобар, при што останува класичната структура од три основни оброци и се додаваат една до две ужини (за дијабетичари и три ужини). Секој од тие оброци има различна структура и калориска вредност (за разлика од моделот со шест оброци), додека ужините во просек содржат од 10 до 11 проценти од вкупниот дневен внес на
Принципот од четири до пет оброци
Физички активните луѓе, за разлика од оние кои се помалку активни, треба да имаат малку „помоќни“ ужинки, но структурата на три класични оброци сепак е основа. Ужините треба да бидат такви да содржат доволно јаглехидрати. Важно е само два часа пред физичка активност човекот да нема еден од основните оброци (на пример, ручек) и со тоа да не го оптоварува желудникот.
На децата им треба доволно енергија и хранливи материи за раст и развој, па затоа секогаш треба да имаат ужина. Се препорачува едната ужина да биде со доволно калциум (млечни производи), а другата со овошје, без индустриски грицки и слатки.