Аргентинецот Лионел Меси вчера по рекорден осми пат во кариерата ја доби наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер во изминатата година, додека признанието во женска конкуренција го освои фудбалерката на Барселона и шпанска репрезентативка Аитана Бонмати.
Престижната награда на француското списание „Франс фудбал“ му беше врачена на Меси на гала свеченост во Париз како признание за успесите на репрезентативен и клупски план во 2022 година. Меси лани на Мундијалот во Катар ја освои светската титула со Аргентина и беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кој постигна седум голови и додаде три асистенции. Аргентинскиот играч за врска со ПСЖ ја освои титулата во Франција, придонесувајќи со 21 голови и една асистенција помалку на 41 натпревари.
За наградата „Златна топка“ во конкуренција беа и норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, неговиот клупски колега и белгиски репрезентативец Кевин де Брујне и напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација Килијан Мбапе.
Португалецот Кристијано Роналдо кој е втор на вечната листа добитници на Златната „топка“, со пет признанија, не беше меѓу номинираните.
Годишни награди на „Франс фудбал“:
Најдобар фудбалер – Лионел Меси
Најдобра фудбалерка – Аитана Бонмати
Најдобар голгетер – Ерлинг Халанд
Најдобар млад фудбалер до 21 година – Џад Белингем
Најдобар голман – Емилијано Мартинез
Најдобар тим – Манчестер сити.