Амнести интернешнал: Израел користел бел фосфор во незаконскиот напад на Либан

Организацијата за човекови права Амнести интернешенел повика на истрага за воени злосторства откако во денешниот извештај наведе дека израелската војска користела муниција со бел фосфор во неколку незаконски воени операции долж јужната граница на Либан, објави NBC News.

Меѓутоа, Израел не ја потпишал и не е обврзан со конвенцијата на Обединетите нации за употреба на бел фосфор.

Поточно, Амнести во својот извештај рече дека Израел користел муниција со бел фосфор во близина на населениот цивилен град Дајра. Во еден напад, се вели во извештајот, се повредени девет цивили.

Белиот фосфор е хемикалија која гори на екстремно високи температури кога е изложена на воздух и обично се користи од страна на војската за да се создадат светлосни или димни завеси. Но, неговата употреба е спорна меѓу групите за човекови права, кои велат дека во некои околности ги крши меѓународните закони за човекови права бидејќи цивилите би можеле да бидат повредени.

Ако луѓето дојдат во директен контакт со супстанцијата, таа може да се залепи на кожата и таа да изгори до коските. Белиот фосфор вграден во раните може спонтано повторно да се запали и да доведе до тешки повреди или смрт, според Светската здравствена организација.

Портпаролот на ИД не одговори веднаш на барањето за коментар, но претходно овој месец војската рече во соопштение дека „главниот тип на гранати од чад што ги користи ИД не содржи бел фосфор“ и дека „други заштитни завесни гранати, со бел фосфор, не се незаконски и многу западни војски ги поседуваат, вклучително и ИД“.

ИД соопшти дека нејзините политики забрануваат употреба на бел фосфор во густо населените области, под одредени исклучоци.

Наводите на Амнести интернешенел следуваат по сличен извештај објавен од Хјуман рајтс воч на 12 октомври.

Треба да знаете
Последни објави