Началникот на Генералштабот на иранската армија изјави дека има над 400 километри тунели под северниот дел на Појасот Газа.
„Низ некои од нив можат да минат возила и мотоцикли, соопшти генерал-мајор Мохамад Багери на конференцијата за цивилна одбрана во Техеран.
– Некои од тунелите имаат влез во Израел, соопшти началникот.
Багери тврди дека причината зошто израелската армија чекала да изврши целосна копнена инвазија во Газа е затоа што знае дека таквата операција ќе значи „уште еден пораз“.